Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, се надева дека „росонерите“ ќе ја искористат шансата што им ја даде Интер за да го освојат „скудетото“ оваа сезона. Седумкратниот европски шампион остана на првото место во поредокот во Серија А, откако градскиот ривал и директен ривал за титулата Интер загуби од Болоња. Сега и двете екипи имаат еднаков број одиграни натпревари, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Милан има 74 бода, а бранителот на титулата Интер има 72 бода.
„Мислам дека имаме се што ни е потребно за да победиме, фокусирани сме на неделниот натпревар со Фиорентина. Многу е важно за нас што Интер загуби од Болоња, па сега ние ја чуваме судбината во наши раце. Треба целосно да се фокусираме на нашиот фудбал“, изјави 35-годишниот француски напаѓач.
Оливие Жиру на 34 натпревари во сите конкуренции за Милан има постигнато 12 гола и четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













