Утрово во Сплит се случи сериозен инцидент во пресрет на најголемото дерби на хрватскиот фудбал – дуелот меѓу Хајдук Сплит и Динамо Загреб. Според пишувањата на хрватските медиуми, околу 9 часот наутро дошло до масовна пресметка меѓу навивачите на двата ривалски клуба – „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“.
Според информациите, тепачката била однапред договорена, а во неа учествувале околу 200 лица. Полицијата брзо интервенирала и потврди дека инцидентот се случил околу 9.15 часот, но благодарение на нивната навремена реакција избегнат е поголем хаос и потенцијални посериозни последици.
Оваа случка доаѓа само неколку часа пред одигрувањето на вечното дерби меѓу Хајдук и Динамо, закажано за денеска од 16 часот. Натпреварот има големо значење за титулата во ХНЛ – Хајдук моментално е на делба на првото место со Ријека со 56 бодови, додека Динамо има само бод помалку, со 55 поени по 32 кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













