Жерсон Родригез би можел да стави крај на својата епизода во Вардар. Репрезентативецот на Луксембург пристигна во Скопје како едно од најзвучните засилувања, но неговиот престој во „црвено-црниот“ табор сега е ставен под знак прашалник.
Крилниот напаѓач во моментов се наоѓа во клупските простории на Вардар, каде што е во тек состанок на кој, очигледно, се разговара за неговата иднина. Родригез самиот ја потврди ситуацијата преку социјалните мрежи, објавувајќи видео од тренинг-кампот на Вардар во Хиподром.
„Во моментов сум во клубот и чекам повеќе информации за да видам како ќе се одвива ситуацијата и дали можеме да го решиме проблемот. Ќе почекаме да видиме што ќе се случи. Ќе ве информирам сите. Се гледаме наскоро“, порача Родригеш.
На теренот, тој остави позитивен впечаток во европските натпревари, но во домашното првенство сè уште не успеа да ја достигне очекуваната форма. Вардар има негатива од осум бода во однос на лидерот Шкендија, а евентуалното заминување на еден од најзвучните играчи би било сериозен удар за тимот.
Родригез, кој е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург, сега чека на исходот од разговорите со раководството на Вардар. Дали ќе остане во Скопје или неговата авантура со „црвено-црните“ ќе заврши предвреме, треба да биде познато многу брзо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













