Connect with us

Зекирија Рамадани неочекувано се раздели со Дрита

Неочекуван тренерски потрес во косовскиот шампион Дрита. Македонскиот стратег Зекирија Рамадани доби отказ само на почетокот од новата сезона, иако минатата година беше прогласен за најдобар тренер во Косово.

Веста ја потврди и самиот Рамадани, кој не го криеше изненадувањето од одлуката на клубот.

„Да, се разделив од клубот. За причините прашајте ги луѓето од клубот. Ако мене ме прашувате, немаа никаква причина да ме отпуштат“, изјави Рамадани за „Канал 10“.

Македонскиот тренер ја напушта Дрита по речиси три години, период во кој остави значаен белег во клубот. Во Дрита пристигна по ангажманот во Шкупи, а минатата сезона беше избран за најдобар тренер во косовскиот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови