Connect with us

Зејнулаи: Шкендија е подготвена и посакува триумф на стартот

Актуелниот првак Шкендија и второпласираниот тим на табелата, Струга Трим Лум, го отвораат вториот дел од сезоната со дерби дуел во Тетово.


Играчот за врска на Шкендија, Арбин Зејнулаи, вели дека тој и соиграчите се подготвени за успешен старт.

„Подготовките завршија, беше многу успешна фаза, најважно е што немавме повреди, сега со нетрпение го очекуваме почетокот на вториот дел од шампионатот со натпревар што е многу важен за нас. Би рекол дека е дерби, земајќи ги предвид и позициите на табелата. За нас ова е многу важен натпревар од кој ни е потребна победа. Тимот изгледа подготвен. Го анализиравме противничкиот тим и верувам дека ако излеземе на теренот онака како што сме се договориле, на крајот ќе успееме да победиме. На публиката секогаш и ветувам максимум. Ќе дадеме сѐ од себе и се надевам дека ќе ги израдуваме со победа“, вели Зејнулаи.

„Верувам во тимот, иако имаме неколку поени заостанување зад лидерот. Сите знаеме дека во првата фаза оставивме неколку поени кои не требаше да ги изгубиме, но тоа е минато и треба да гледаме напред. Се надевам дека тие поени ќе ги надоместиме и на крајот ќе бидеме шампиони“, дополни играчот за врска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови