Фудбалската јавност повторно е вознемирена поради здравствените проблеми на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, кој колабираше за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина.
Инцидентот се случи во 65. минута, кога искусниот играч за врска се фати за градите и падна на тревникот. Медицинскиот тим веднаш реагирал и му укажа помош на 34-годишниот фудбалер, кој според првичните информации накратко ја изгубил свеста.
По интервенцијата на лекарите, Ериксен успеа самостојно да го напушти теренот, по што беше пренесен во болница на дополнителни испитувања. Натпреварот беше прекинат, а сцените на стадионот ги потсетија многумина на драматичните моменти од Европското првенство во 2021 година.
Тогаш Ериксен доживеа срцев застој за време на дуелот меѓу Данска и Финска, а благодарение на брзата реакција на соиграчите и медицинскиот персонал неговиот живот беше спасен. Подоцна му беше вграден имплантабилен кардиовертер-дефибрилатор (ICD), уред кој го следи срцевиот ритам и реагира при опасни нарушувања.
Според првичните проценки на данските лекари, можно е токму овој уред да одиграл клучна улога и при најновиот инцидент.
„Колку што можам да проценам, уредот реагираше токму како што требаше. Кристијан накратко беше без свест, но многу брзо закрепна и веднаш воспоставивме комуникација со него“, изјави докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен.
Причините за новиот здравствен проблем сè уште не се познати, а Ериксен ќе биде подложен на детални медицински прегледи за да се утврди што точно довело до колапсот.
Од данскиот национален тим соопштија дека фудбалерот се чувствува добро, е во стабилна состојба и е под постојан надзор на лекарите и семејството.
Случајот повторно ја отвори дискусијата за здравјето на професионалните спортисти и потсети колку брзо може да се промени ситуацијата на спортските терени. Засега најважната вест е дека Ериксен е надвор од животна опасност и успешно се опоравува.
Сепак, според информациите од данските медиуми, здравствениот картон на Ериксен содржи информации според кои тој не би требало и во иднина да настапува како професионален фудбалер, затоа што тоа носи преголем ризик за неговото здравје.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













