Младиот национален тим посакуваше победа, но извлече само реми (1-1) против Израел во Скопје. Ова значително или речиси сигурно ги намали шансите за пласман на ЕП. Давор Здравковски вели дека фудбалерите не влегле со „чисти глави“ на овој меч.
„Не би рекол дека спасивме од пораз затоа што посебно во второто полувреме бевме подобриот противник. Мислам дека селекторот направи добра анализа, во првиот дел не влеговме со „чисти глави“, уште не сме свесни каков квалитет поседувавме, но како и да е за пласман на Европско ќе зависеше и од резултатите на другите репрезентации. Наше е на следните два меча да земеме шест бода и да видиме што ќе се случи“, изјави капитенот на денешниот меч, Давор Здравковски.
Фото: ФФМ – Петр Стојановски
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













