Црвена Звезда доживеа тежок удар пред речиси 40.000 навивачи на „Маракана“. Српскиот шампион загуби со 0-2 од Хапоел Бер Шева и со тоа ги загуби шансите за пласман во плејофот за Лигата на шампионите.
Хапоел и во првиот натпревар славеше со 1-0, па со вкупни 3-0 го елиминираше тимот на Дејан Станковиќ и приреди голем шок во Белград.
Навивачите на Звезда не го криеја незадоволството, а по завршувањето на натпреварот од трибините се слушаа свирежи и скандирања против раководството на клубот.
Во 55. минута се случи најспорниот момент. По еден продор на Букари, Абу Фани падна во шеснаесетникот по дуел со противничкиот играч, но судијата и ВАР-собата проценија дека нема пенал.
Станковиќ бурно реагираше и по жолтиот картон продолжи со протестите, по што заработи директен црвен картон.
Само две минути подоцна следеше казна.
Хапоел искористи грешка на Лукaсен, организираше брз напад, а Ишт асистираше до Игор Златановиќ, кој од десетина метри погоди за 0-1.
Звезда се обиде да се врати во натпреварот, но без вистинска организација и конкретна завршница. Наместо израмнување, во 79. минута стигна вториот удар.
По центаршутот на Перец, Ишт одлично се снајде во шеснаесетникот и со удар од непосредна близина го совлада Матеус за 0-2.
До крајот Хапоел можеше да постигне и трет гол. Ахмед ја погоди стативата, а гостите имаа уште една огромна шанса.
Црвена Звезда својата европска приказна ќе ја продолжи во плејофот за Лигата на Европа, каде што ја очекува уште еден тежок противник, Викторија Плзен.
Хапоел Бер Шева продолжува кон плејофот за Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со Сабах од Азербејџан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













