Connect with us

Заниоло нападнат од фановите на Рома, побарал спас од полицијата

Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло имал непроспиена ноќ откако дома го следеле гневните навивачи на тимот по поразот од Наполи, кои му упатиле и смртни закани, пренесува весникот „Газета дело спорт“.


Петнаесетина навивачи на Рома дошле пред куќата на Заниоло и му се заканиле, барајќи италијанскиот репрезентативец веднаш да го напушти тимот.

Заниоло морал да побара помош од полицијата, затоа што гневните фанови биле вооружени.

За неколку минути, униформирани службеници пристигнале во домот на преплашениот фудбалер за да ја осигураат безбедноста на неговото семејство.

Пораката од навивачите е премногу јасна – доколку Заниоло остане во Рим до крајот на јуни, кога му истекува договорот, овие месеци ќе бидат многу тешки за играчот од средниот ред, кој повеќе не е посакуван од фановите на „волчицата“ откако изјави дека сака да го напушти тимот, а за него се заинтересирани Милан и Борнмут.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови