Connect with us

Замина иконата на Сплит: Почина легендарниот Иван Гудељ

Сплит и хрватскиот фудбал жалат по загубата на еден од своите најголеми големани. На 67-годишна возраст почина Иван Гудељ, симболот на една незаборавна генерација на Хајдук и омилениот фудбалер на сплитската публика.

​Гудељ го носеше белиот дрес на Хајдук на дури 362 натпревари, постигнувајќи 93 голови. Со сплитскиот гигант се искачи на врвот на југословенскиот фудбал освојувајќи ја шампионската титула, како и два национални купа. За репрезентацијата на Југославија запиша 33 настапи, предводејќи го националниот тим на Светското првенство во Шпанија (1982) — каде што се запиша и во стрелците — и на Европското првенство во Франција (1984).

​И покрај тоа што му се предвидуваше блескава интернационална кариера и трансфер во европските гиганти, неговиот играчки пат беше сурово прекинат. На само 26 години, во самиот зенит на својата моќ, поради тешка болест мораше прерано да го напушти теренот.

​Сепак, неговата љубов кон играта никогаш не згасна. По повлекувањето, Гудељ остана посветен на спортскиот живот како тренер и фудбалски работник, оставајќи неизбришлива трага во развојот на младинските хрватски репрезентации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови