Требаше да биде рутинска победа од 0-4 за Струга Трим Лум, на теренот на Башкими се претвори во вистинска заложничка драма. Наместо да се зборува за тактика, голови и спортско мајсторство, македонската спортска јавност денес е згрозена од сцени кои повеќе наликуваат на улична војна отколку на фудбалски натпревар.
Кога соблекувалната станува затвор
Недозволиво е во 21. век, професионални спортисти да стравуваат за сопствениот живот и да бидат „забарикадирани“ во соблекувалните. Повикувањето на специјалните единици на МВР за да се извлечат фудбалерите од стадионот е јасен сигнал дека безбедносниот систем на организаторот целосно потфрлил. Кога гневната маса ќе го замени навивањето со каменување на автобуси, тоа веќе не е навивање – тоа е чист вандализам.
Досегашната практика на „благи казни“ очигледно не вроди со плод. ФК Башкими сега се соочува со сериозен тест, но вистинскиот испит е за Фудбалската федерација на Македонија.
Очигледно дека Башкими не е клуб за Прва лига, во елитата влезе со скандалозен меч против Кожуф, за кого има материјални докази за “местење”, потоа продолжија во ист стил и на неколку прволигашки мечеви за кои има сериозни индиции за “местење”, а сега уште и насилство во соблекувални.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













