МАКФУДБАЛ во Луцерн,
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во Лигата на нации, губејќи од Швајцарија со 0-3 на гостувањето во Луцерн. По натпреварот, искусниот дефанзивец Ѓоко Зајков истакна дека националниот тим одигра квалитетно во првиот дел, но пропушти можност тоа да го материјализира.
„Првото полувреме го одигравме солидно како цела екипа, но примивме гол на несреќен начин. Се надевам дека среќата ќе ни се врати на следните дуели, а од овој пораз мора да извлечеме поуки. Изминативе денови имаше многу коментари за постарите и помладите играчи, но во фудбалот не постојат години — или вредиш или не. Свесни сме дека јавноста е разочарана, но истото го чувствуваме и ние. Верувам дека со еден добар резултат ќе влеземе во подобра серија“, изјави Зајков.
И покрај поразот, македонските фудбалери имаа силна поддршка од трибините, каде што околу 1.000 навивачи гласно ги бодреа во Луцерн.
„Искрено им благодариме на навивачите за поддршката. Даваме сè од себе и се надевам дека веќе на наредните мечеви ќе им се предолжиме со подобра игра и резултат“, додаде тој.
Македонија го завршува овој циклус од Лигата на нации во средината на ноември, кога следува гостување кај Шкотска и домашен дуел против Словенија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













