Струга Трим Лум со многу мака успеа да слави против Вардар, и тоа со гол од пенал што го реализираше Марјан Алтипармаковски. Тренерот Срѓан Захариевски се сложува дека неговиот тим не одигра најдобро, но дека тоа бил меч со голем психолошки товар за фудбалерите.
„Беше тоа многу тежок психолошки натпревар, во кој двете екипи немаа поправен. Добро го отворивме натпреварот во кој не реализиравме неколку шанси, а секако голема заслуга имаше и гостинскиот голман. Како одминуваше времето, натпреварот се повеќе беше нервозен, отколку квалитетен, но сепак успеавме да победиме и да одиме на финален натпревар во Кратово“, изјави Срѓан Захариевски.
Струга Трим Лум во пресрет на последното коло се наоѓа на посакуваната трета позиција која носи излез на европска сцена, а в недела ќе му гостува на Силекс во Кратово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski