Connect with us

За УЕФА челниците на ФФМ се Северномакедонци, а оние од Северна Ирска ги смета за Ирци

Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до УЕФА затоа што на официјалниот сајт челниците на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и Филип Поповски се претставени како Северномакедонци. На претставувањето на членките на УЕФА, на страницата за Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се Северномакедонци.


За разлика од Македонија, на страницата посветена за Северна Ирска, УЕФА објавува дека претседателот Конрад Кирквуд и генералниот секретар Патрик Нелсон по националност се Ирци.

„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, велат од Министерството за надворешни работи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови