Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за контроверзниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, кој заврши со победа на кумановскиот тим, благодарение на спорен гол во самиот финиш, а потоа преку бараж и до нивна промоција во Првата лига.
„Мечот беше срамен. Добивме и официјално барање за објаснување од УЕФА. ФФМ постапува согласно правилниците, и нема да преземеме ништо врз основа на претпоставки. Вакви натпревари се многу тешки за докажување“, изјави Омерагиќ.
Тој нагласи дека се собрани изјави од осум официјални лица, како и од играчите на Кожуф, и дека сите се дадени според предвидените процедури.
„Досега се казнети само тренерот и директорот на Кожуф, бидејќи директно кажале дека натпреварот треба да се загуби. Постапката е сè уште отворена и истрагата трае“, додаде првиот човек на ФФМ.
Омерагиќ посочи дека никој од играчите не го спомнал Башкими како страна во евентуално местење и повтори дека казни ќе има само ако има конкретни докази.
„Натпревар може да се мести на два начини – или една екипа плаќа за да добие, или друга сака да изгуби. Ние нема да штитиме никого, но нема ни да казнуваме без основа“, подвлече тој.
На крајот, Омерагиќ најави и иницијатива за промена на дисциплинскиот правилник, бидејќи актуелните казни ги нарече „смешни“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













