Connect with us

За Милан Илоски приоритет е клупската кариера: „Никого нема да молиме да игра за репрезентацијата“

Милан Илоски игра во одлична форма во дресот на Филаделфија унион, но и покрај одличните настапи нема да биде дел од македонската репрезентација во претстојниот циклус.

Дваесет и седумгодишниот напаѓач сезонава постигна 12 гола и запиша две асистенции во МЛС-лигата, со што е меѓу најефикасните фудбалери на Филаделфија унион.

Неговите настапи се следат од стручниот штаб на Македонија, но селекторот Гоце Седлоски откри дека Илоски одлучил приоритет да му биде клубот и завршницата од сезоната во МЛС.

„Сакав да го повикам Илоски за натпреварот во Данска, но преку Николче Новески ни кажа дека приоритет му е клубот и борбата за клупските цели. Се обидовме да ја преиспитаме неговата одлука, но во овој момент тоа е неговата одлука.

Го следам, но никого нема да молиме да игра за Македонија“, изјави Седлоски.

Илоски останува под будното око на репрезентативниот штаб, а неговите настапи во МЛС ќе продолжат да бидат следени и во периодот што следува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови