Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оствари победа (1-2) на гостувањето кај Караорман и по петтото коло во Втората македонска фудбалска лига се искачи на врвот на табелата. Жоглев во 88.минута донесе победа за Вардар, откако претходно Десниќ беше стрелец на првиот за „црвено-црните“ во 57. минута.
Пелистер минимално славеше на гости во Охрид со 0-1. Маневски во 82.минута донесе триумф за „пелистерци“.
Детонит Плачковица го победи Аресими со 3-1, Љупчо Димитковски со реми дебитираше на клупата на Каменица Саса.
ВТОРА ЛИГА, 5. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
КАРАОРМАН – ВАРДАР 1-2
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР 0-1
КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА 1-1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРЕСИМИ 3-1
БЕСА – СЛОГА ВИНИЦА 3-2
БОРЕЦ – КОЖУФ 0-2
ЛОКОМОТИВА – ТЕТЕКС 0-0
вчера: ГОСТИВАР – ВОСКА 2-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski