Струга Трим Лум оствари историски успех и за првпат се пласираше во елитното прволигашко друштво. Стружани ремизираа 1-1 во Битола против Пелистер, со што и математички обезбедија промоција како првопласирана екипа во Втората лига Запад.
Дејан Цветаноски во 37.минута го совлада Трајчевски и донесе водство (0-1) за Струга Трим Лум. Пелистер успеа да израмни со погодокот на Филип Бошковски во 64.минута од дуелот.
Второпласираната екипа на Лабуништа стигна до 2-2 против Гостивар на гости. Домаќинот обезбеди предност со головите на Алили, но Клечкароски и Далчески во вториот дел донесоа бод за Лабуништа.
Скопје го совлада Велазерими со 1-0 со голот на Брњарчевски. Тетекс исто така обезбеди важен триумф во битката за опстанок против Кораби, а стрелец на победничкиот гол (1-0) беше Билбиловски.
Вчера во Гостивар, Генч Калемлер го совлада Гоблен Јуниор со 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













