Во последниот натпревар од есенскиот дел во Втората лига – Запад, Скопје славеше на гостувањето против Тетекс со 1-2.
Мечот заостанат од 9. коло во првенството, скопјани го добија благодарение на головите на Филип Јаневски во 44. минута и Теодор Димитровски во 46. минута.
Домашните единствениот гол го постигнаа од пенал во 53. минута преку Енис Дервиши. Олеснителна околност за гостите беше што Тетекс уште од 10. минута играше со фудбалер помалку по директниот црвен картон за Петар Митев.
Скопје, со оваа победа, есенскиот дел го заврши на третото место со 21 бод.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













