Пролетниот дел од Втората лига во западната конкуренција веднаш стартува со големата дерби пресметка меѓу двете водечки екипи, Струга Трим Лум и Лабуништа.
Стружани во соседското дерби силите ќе ги мерат во Охрид на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“. Во првиот меч сезонава Струга Трим Лум и Лабуништа ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.
Од останатите пресметки интересно ќе биде и во Битола каде реновираниот Пелистер максимално амбициозно атакува на трите бода против Велазерими.
Полошкото дерби ќе биде во Тетово каде Тетекс го пречекува Гостивар.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: 15. КОЛО (14 ч.)
Пелистер – Велазерими
Тетекс – Гостивар
Струга Трим Лум – Лабуништа
Гоблен Јуниор – Кораб
Генч Калемлер – Скопје
ТАБЕЛА: Струга Трим Лум 28 бода, Лабуништа 27, Скопје 21, Велазерими 21, Гостивар 19, Кораб 18, Пелистер 18, Генч Калемлер 16, Гоблен јуниор 14, Тетекс 9 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













