Ниту еден од десетте тимови во Втората лига – запад викендов не славеше победа, откако петтте средби од ова натпреварување завршија со реми.
На чело на табелата останува тимот на Струга Трим Лум, кој успеа да остане непоразен на гостувањето против Кораби, четвртопласираната екипа на табелата (0-0)
На домашен терен „киксна“ второпласираната екипа на Лабуништа, која ремизираше 0-0 против „фенерџијата“ Тетекс. Домаќините имаа повеќе од играта, но не успеаја да ја крунисаат иницијативата со погодок, пропуштајќи идеална шанса да се искачат на врвот на табелата.
Екипата на Велазерими одигра 1-1 против Генч Качемлер Спорт, иако гостите од 10 минута беа со играч помалку по црвениот картон на Керим. Генч дури и прв поведе на оваа средба, но Адили од пенал донесе бод за екипата на Велазерими. Со идентични 1-1 заврши и дуелот Скопје – Гоблен јуниор. Гостите први дојдоа до предност преку Мустафи уште во 4. минута, а девет минути подоцна Личина од пенал ги постави конечните 1-1.
Во последниот натпревар одигран денеска Гостивар и Пелистер ремизираа 0-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













