Connect with us

Втора лига Запад: Фотофиниш за бараж…Охрид, Велешта или Гостивар?

На Западот е неверојатно интересно. Лидерот ФК Скопје веќе е прволигаш, но се бара екипата која можеби ќе му се придружи во елитата преку баражот за пополнување на прволигашкото друштво. И тука е драматично тесно на табелата во Втората лига Запад.

Охрид и Велешта имаат по 43 бода, а Гостивар само помалку во пресрет на денешното 26.коло.

Охриѓани на домашен терен го пречекуваат Кадино и се надеваат на победа, Велешта ќе игра дома против Велазерими, а Гостивар ќе има можеби и најтешка задача со оглед дека му гостува лидерот Скопје.

На програмата е и дуелот меѓу Кораби и Тетекс.

Сите натпревари почнуваат од 16 часот и се очекува возбудлив фотофиниш за второто место и освојување на баражот за пласман во Првата лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови