
Во вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, водечките екипи забележаа значајни победи. Македонија Ѓорче Петров на домашен терен го совлада Новаци со убедливи 4-0. Головите ги постигнаа Крсте Велкоски и Кире Маркоски во првото полувреме, а во вториот дел Симеон Христов и повторно Маркоски го заверија триумфот.
Башкими оствари пресврт – победа на гостувањето кај Беласица во Струмица со 1-2. Домашната екипа поведе преку Александар Коцев, но Хебиб Саити и Филип Алексовски донесоа пресврт и три бода за кумановци.
Брегалница забележа рутинска победа против Вардарски со 2-0. Стрелци беа Калпачки во првото полувреме и Стојан Поповски пред самиот крај на натпреварот.
Борец на домашен терен ја совлада екипата на Саса со 2-1, иако гостите од Македонска Каменица први поведоа. Арсими славеше против Победа со 1-0, со голот на Албин Рамадани. Охрид исто така победи со 1-0 против Вардар Неготино. Стрелец на победничкиот гол беше Бојан Затуроски.
Владимир Жоглев погоди за триумф на Осогово (0-1) на гости кај Детонит Плачковица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
