Connect with us

Втора лига: Вардар е нов лидер, реми во Битола, дебакл за Борец

Вардар е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако ја победи Локомотива на домашен терен со 2-0. Попзлатанов и Мишковски во првиот дел постигнаа голови за сигурно водство и триумф на вардарци.


Пелистер и Воска Спорт на дербито во Битола ремизираа 1-1. Домашните поведоа преку Драгарски, а во второто полувреме израмни Изаир Емини.

Гостивар победи на гости кај Слога Виница со 0-1. Стрелец на победоносниот гол беше Муарем на почетокот на второто полувреме.

Беласица на домашен терен беше подобра од Беса со 1-0, а Каменица Саса славеше на гости против Тетекс со 0-2.

Аресими со 9-0 го декласира Борец.

Standings provided by SofaScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови