Connect with us

Втора лига: Реми како победа за Брегалница во дербито со Шкендија Арачиново

Брегалница Штип е на чекор до враќање во Прва македонска фудбалска лига, откако во дербито на сезоната во Штип одигра 1-1 против Шкендија Арачиново. Шаркоски ја доведе Шкендија Арачиново во водство во 16.минута, но Брегалница израмни од пенал, со погодокот на Капсаров во 67.минута. Мечот беше тензичен, на работ на инцидент, посебно во периодот кога беше досуден пенал за штипскиот тим.


Овој реми резултат има голема тежина за „сините“, кои успеаја да ја задржат лидерската позиција пред Скопје. Двата тима сега имаат по 65 бодови, додека Шкендија Арачиново останува трета со 63 бода и се наоѓа на позиција што води во бараж.


Натпреварот во Штип беше исклучително напнат, со многу прекини и тензии на теренот. Гостите поведоа во првото полувреме преку Шаркоски, додека во вториот дел Капсаров израмни од пенал на 1-1.


По погодокот дојде до инциденти и немили сцени, поради што мораше да интервенира и МВР. Прекинот траеше околу десет минути, по што мечот беше продолжен. Во завршницата Брегалница имаше шанси за целосен пресврт, но не успеа да ги искористи.


До крајот на сезоната, штипјани ги очекуваат дуели против Осогово и Победа, а со две победи би обезбедиле пласман во Првата лига.

Скопје освои значајни три бода на гостувањето кај Тетекс, славејќи минимално со 0-1 во натпревар со малку шанси, но голема важност.


Koжуф на домашен терен одигра доминантен натпревар и со високи 8-0 ја совлада Победа, во целосно еднонасочен дуел.


Охрид останува во игра за бараж, откако на свој терен сигурно го победи Големо Коњари со 3-0.
Детонит Плачковица без поголеми проблеми ја совлада веќе испаднатата Преспа со 3-0, контролирајќи го мечот од почеток до крај.


Саса исто така стигна до минимална, но вредна победа, откако со 1-0 ја победи Слога Виница.


На крајот, Вардар Неготино доживеа тежок пораз на домашен терен, губејќи убедливо со 0-4 од Осогово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови