Македонија Ѓорче Петров останува лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига, откако забележа минимална, но вредна победа на гостувањето кај Вардар Неготино (0-1).
Притисокот го одржува и второпласираниот Арсими, кој убедливо славеше на гости кај веќе отпишаниот Борец од Велес (2-4), продолжувајќи ја својата победничка серија.
Во Штип, Брегалница успеа да ја совлада Беласица (1-0), но победата не беше доволна за скок на табелата, бидејќи Башкими се врати во игра со драматична победа против Кожуф (1-2), постигнувајќи гол во судиското надополнување, по грешка на домашната одбрана. Поточно, домашните фудбалери не се ни обидоа да реагираат, а Башкими постигна гол.
Осогово на домашен терен беше подобар од Новаци (2-0) и се доближи до Вардар Неготино на табелата, но останува прашање дали ќе успее директно да обезбеди опстанок во ВМФЛ.
Детонит Плачковица и Охрид одиграа атрактивен меч со пет гола, во кој домаќините славеа со 3-2. Ефикасна беше и Саса од Македонска Каменица, која немаше проблеми со Вардарски – друг тим кој веќе ја загуби битката за опстанок (1-4).
Без голови помина средбата меѓу Скопје и Победа (0-0), меч кој понуди повеќе борба отколку креација.
ВТОРА ЛИГА, 28. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
Вардар Неготино – Македонија ЃП 0-1
Борец – Арсими 2-4
Брегалница – Беласица 1-0
Детонит Плачковица – Охрид 3-2
Скопје – Победа 0-0
Кожуф – Башкими 1-2
Осогово – Новаци 2-0
Вардарски – Каменица Саса 1-4
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













