Connect with us

Втора лига: Пелистер со сомнителен пенал до прва победа, минимален триумф и за Работнички

Пелистер стигна до првата победа во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Македонија ЃП славеше со 0-1 и од Ѓорче Петров си замина со цел плен. Сомнителен пенал во финишот, кој го реализираше Иван Ивановски во 81.минута беше клучен момент на овој натпревар.

Одлуката за најстрога казна предизвика бурни реакции кај домашниот состав, кој сметаше дека Христов симулирал и бараше судијата да ја промени одлуката. Сепак, пеналот остана на сила, а Пелистер до крајот ја сочува минималната предност.

По две последователни ремија на домашен терен против Камјани и Брера, битолчани конечно стигнаа до првите три бода во шампионатот.

Работнички стигна до втор триумф во исто толку натпревари откако со 1-0 славеше против Еуромилк Горно Лисиче. Александар Богданоски во 52.минута со одличен волеј удар ја донесе предноста за „романтичарите“.

Во останатите натпревари од третото коло одиграни денеска, Осогово и Новаци ги поделија бодовите во Кочани по ремито без голови (0-0), а Брера славеше со 2-1 против Камјани. Жоглев од пенал и Ристовски погодија за Брера, а Исмаили беше стрелец за гостите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови