Пелистер одигра одличен натпревар на гостувањето кај Шкупи и со убедлив триумф од 0-4 стигна до нови три бода во Втората македонска фудбалска лига.
Битолчани уште еднаш го потврдија квалитетот и без поголеми проблеми го надиграа домаќинот. Симеон Христов двапати се запиша во листата на стрелците, додека по еден гол постигнаа Јорданчо Наумоски и Кире Стојанов. Победата на Пелистер можеше да биде и поубедлива доколку гостите ги искористеа сите свои шанси.
ГФК Охрид продолжува со перфектен учинок. Охриѓани на домашен терен го совладаа Еуромилк со 2-1 и останаа на максимални четири победи од четири натпревари.
До полн плен стигна и Кожуф, кој славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Осогово во Кочани.
Претходно, Македонија ЃП го совлада Камјани со 1-0, додека дуелот меѓу Работнички и Брера Струмица е одложен поради обврските на струмичани во младинската Лига на шампионите.
Колото ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Беласица и Тетекс. Дуелот во Струмица ќе се игра во вечерен термин под рефлектори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













