Connect with us

Втора лига: Пелистер и Вардар на дерби во Битола, Воска гостува кај Детонит, лесно за Гостивар

„Дербито на Македонија“, вечниот дуел на Пелистер и на Вардар го окупира вниманието на македонската фудбалска јавност во текот на денешниот ден. За првпат во второлигашка конкуренција, и на отворање на новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“, фудбалерите на Пелистер ќе го пречекаат лидерот Вардар, а дербито ќе го разубават и двете навивачки групи, Чкембари и Комити.

Како во старите добри времиња, со една многу важна разлика, дека и двата клуба сега се многу далеку од врвот на македонскиот фудбал. Пелистер се надева дека со евентуален триумф ќе се врати во трката за пласман во елитата, а Вардар сака да остане непоразен и по можност, да го задржи врвот на табелата.

Воска Спорт има тешко гостување кај Детонит Плачковица, кој има одличен тим, па и амбиции да се вмеша во трката за врвот. Гостивар има релативно лесна задача, да освои три бода на гостувањето против Борец во Велес и ќе ја чека разврската на конкурентите.

Беласица ќе гостува кај Арсими, а Локомотива Пехчево ја пречекува Каменица Саса. Кожуф е фаворит на дуелот со Тетекс, додека Охрид ќе биде домаќин на Слога Виница. Караорман ќе се сретне со тимот на Беса.

Натпреварите се закажани за 13 часот.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови