Connect with us

Втора лига: Пелистер и Работнички со сигурни победи

Пелистер продолжува да го следи ритамот на лидерот Охрид и со нова голеада ги потврди високите амбиции сезонава. Битолскиот тим на домашен терен немаше поголеми проблеми против Детонит Плачковица, совладувајќи го со убедливи 6-1. Ова беше седма победа за Пелистер во досегашниот дел од сезоната, во кој има и три нерешени резултати. Детонит, пак, го претрпе петтиот пораз.

„Зелено-белите“ уште од самиот почеток покажаа дека бодовите ќе останат во Битола. Мартин Мирчевски го отвори резултатот, а младиот Јаков Пресилски набрзо ја продолжи гол-серијата и го постигна својот првенец за водство од 2-0 на полувремето.

Вториот дел донесе уште поефикасно издание на домаќините. Пелистер постигна уште четири погодоци преку Ивановски, Христов, Стојанов и Тасев, за конечни и убедливи 6-1.

Триумфално попладне имаше и Работнички, кој на свој терен ја совлада Беласица со 3-1. Поранешниот шампион во ПМФЛ уште во првото полувреме направи значајна предност, благодарение на двата гола на Александар Богданоски. Во продолжението Марко Стефановски ја потврди победата на домашниот состав.

Три бода освои и Камјани, кој со идентични 3-1 беше подобар од Тетекс. Со овој триумф, Камјани се доближи на само еден бод до Брера, која моментно го зазема четвртото место на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови