Охрид продолжува со максимален ефект во Втората македонска лига. „Рибарите“ го забележаа и вториот триумф сезонава, откако на „Билјанини Извори“ убедливо со 5-1 го совладаа Кожуф.
Гостите подобро го започнаа натпреварот и уште во петтата минута стигнаа до предност, но радоста на Кожуф траеше кратко. Охриѓани брзо ја презедоа контролата, а потоа следуваше целосен пресврт и серија од пет гола со која домаќинот стигна до убедлива победа. Стрелец на четири гола беше Антонио Каланоски, а погоди и Марко Николоски.
Со новите три бода Охрид останува со максимален учинок по првите две кола и потврдува дека има сериозни амбиции во новата сезона.
До првиот триумф сезонава стигна и Тетекс, кој на гостувањето на „Чаир“ славеше против Шкупи со 1-3.
Тетовци до победата стигнаа со одлична завршница на натпреварот. Никола Ристовски во 61. минута го отвори резултатот, а потоа блесна Али Рамин, кој со два гола во 83. и 87. минута стави точка на натпреварот.
За Шкупи ова беше трет пораз во исто толку натпревари, додека Тетекс конечно го запиша првиот триумф и ги освои првите бодови во новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













