Connect with us

Втора лига: Охрид сигурен против Шкупи, Брера убедлива против Новаци

Три натпревари од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) беа одиграни во денешната програма, на кои славеа Охрид, Брера и Кожуф.

Брера Струмица ја искористи предноста на домашниот терен и со убедливи 4-1 го совлада Новаци. По првото полувреме без голови, струмичани одиграа одлични втори 45 минути и со четири погодоци ја потврдија победата.

Убедлива победа оствари и лидерот ГФК Охрид, кој со 0-3 беше подобар од Шкупи. „Рибарите“ уште во првиот дел ја најавија победата, заминувајќи на пауза со предност од два гола, а во продолжението ја потврдија доминацијата.

Кожуф забележа значаен триумф на гостувањето кај Еуромилк Горно Лисиче. Гостинскиот состав славеше со 1-3 и се врати дома со важни три бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови