Охрид експресно се врати на победничкиот пат, совладувајќи ја Македонија ЃП на гостински терен со 0-2 во дербито на колото.
Охриѓани долго бараа начин да ја пробијат цврстата одбрана на поранешниот прволигаш, но отпорот на домаќинот конечно беше скршен во завршницата од првото полувреме со голот на Росиќ. Конечниот резултат беше поставен во 80. минута од Каланоски, по одлично изработена тимска акција со која лидерот ја потврди победата.
До цел плен на денешните натпревари стигна и Тетекс, кој пред своите навивачи славеше со 2-0 против Детонит Плачковица.
Најубедлив настап имаше Работнички. Во некогашното прволигашко дерби, тимот од Дебар Маало го декласираше Шкупи со 4-0.
Виктор Серафимовски го отвори резултатот во 15. минута со одлично изведен слободен удар, а потоа во листата на стрелците се запиша и Марко Стефановски. Кудијан зголеми на 3-0, додека конечниот епилог беше поставен во 50. минута, кога Стефановски со својот втор гол на натпреварот ја потврди убедливата победа.
Без голови заврши дуелот меѓу Еуромилк и Новаци, на кој двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.
Денешната програма во Втората лига ќе биде комплетирана со уште еден натпревар, во кој Пелистер во Битола ќе го пречека Осогово од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













