Connect with us

Втора лига: Охрид е есенски првак, Тетекс убедлив против Големо Коњари

ГФК Охрид и Тетекс со победи ја заокружија годината во Втората македонска фудбалска лига, а расплетот од последните заостанати натпревари донесе и нов есенски шампион.

„Рибарите“ успеаја да триумфираат на двете одложени средби и со тоа ги надминаа конкурентите, преземајќи го врвот од Шкендија Арачиново. Последниот триумф го обезбедија на гостувањето кај Слога Виница, совладувајќи ја со 0-2. Албнор Каба и Андреј Ристовски беа стрелци на головите за Охрид Лихнидос.

Тетекс, пак, одигра ефикасен меч и со убедливи 6-2 го победи Големо Коњари. Азис Јамини се истакна со два гола, а во листата на стрелци се запишаа и Славчо Мисајловски, Алтин Нурединовски, Рихан Зеќири и Агон Елмази. За гостите погодија Зоран Даноски и Нермин Каришиќ.

Втората лига се враќа на програмата во февруари, кога продолжуваат пролетните возбудувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови