Македонија ЃП стигна до втората победа сезонава, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совлада Камјани во натпреварот од петтото коло во Втората лига.
„Лавовите“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар, имаа повеќе од играта и на крајот заслужено го освоија целиот плен.
Одлуката падна во 70. минута. Стефан Темелков се најде во идеална позиција во противничкиот шеснаесетник и без поголеми проблеми ја затресе мрежата на гостите од Камењане за водство од 1-0.
До крајот Македонија ЃП успеа да ја зачува предноста и да запише значајни три бода.
Уште еднаш се покажа дека Боби Стојковски одлично работи со младиот состав на Македонија ЃП и успева да го извлече максимумот од своите фудбалери.
Останатите натпревари од петтото коло се играат утре, додека дуелот меѓу Работнички и Брера е одложен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













