Лидерот во Втората македонска фудбалска лига, Македонија ЃП, останува на врвот откако оствари очекувана победа во 21. коло. Сепак, тимот од Ѓорче Петров и понатаму ја дели првата позиција со Башкими, кој исто така славеше во својата пресметка.
Македонија ЃП – Вардарски 4-0
„Лавовите“ немаа проблеми против последнопласираниот Вардарски, совладувајќи го со убедливи 4-0. Симеон Христов постигна два гола, а по еднаш погодија Кире Маркоски и Анџело Николовски.

Башкими – Вардар Неготино 5-2
Ефикасен натпревар во Куманово, каде што Башкими славеше со 5-2 против Вардар Неготино. Стрелци за домаќините беа Амар Имери, Аган Сулимани, Аган Алиу, Аљбан Мемеди и Хусеин Демири.
Брегалница – Скопје 1-1
Брегалница не успеа да ги израдува своите навивачи, одигрувајќи само 1-1 против Скопје. Гостите поведоа преку Иво Јанакиевски, а домаќините израмнија со голот на Благој Хаџи-Кимов.

Арсими – Саса 4-1
Арсими оствари убедлива победа од 4-1 против Саса. Два гола постигна Аљбин Рамадани, додека по еднаш реализираа Малиќ Белули и Албан Таипи. Единствениот гол за гостите го даде Тони Мичковски.
Беласица – Новаци 3-0
Беласица без проблеми ги освои трите бода против Новаци, победувајќи со 3-0. Стрелци беа Димче Јовов, Максим Цониќ и Бојан Најденов.
Борец – Осогово 1-3
Осогово освои значајни три бода во битката за опстанок, триумфирајќи со 1-3 против директниот ривал Борец.
Во останатите натпревари, Детонит Плачковица и Кожуф ремизираа 1-1, а Охрид и Победа одиграа меч без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













