Водечките екипи, Македонија ЃП и Башкими не успеаја да победат во 22.коло од Втората фудбалска лига, а тоа го искористи Брегалница. Македонија ЃП одигра реми без голови (0-0) против Осогово во Кочани, идентично како и Башкими на дуелот против Победа во Прилеп (0-0), па така двата тима остануваат израмнети на врвот на табелата.
Посебно емотивен беше натпреварот во Кочани, а по завршувањето следеше громогласен аплауз, во спомен на загинатите од трагедијата.
Брегалница се врати во ритам, откако освои три бода на гости кај Кожуф во Гевгелија, славејќи со 0-2. Попоски и Чилафи беа стрелци за штипскиот тим.
Скопје на домашен терен во Автокоманда успеа да го победи Борец со 2-1. Со идентичен резултат и Новаци го совлада Охрид.
Беласица на гостински терен беше подобра од Каменица Саса исто така со 1-2.
Без голови заврши и натпреварот меѓу Вардар Неготино и Детонит Плачковица, додека мечот меѓу Вардарски и Арсими во Богданци е прекинат при резултат 1-2 на полувреме поради силен дожд, откако теренот беше буквално поплавен.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













