Connect with us

Втора лига: „Лавовите“ го пречекуваат Охрид во Ѓорче Петров, полесна задача за Работнички и за Пелистер

Викендов на програмата е осмото коло во Втората македонска фудбалска лига, во кое во фокусот ќе бидат неколку интересни пресметки, а особено дуелот меѓу Македонија ЃП и лидерот Охрид.

„Лавовите“ денеска од 14:30 часот на домашен терен ќе го пречекаат лидерот Охрид, кој со 16 бода е на врвот на табелата. Работнички, пак, ќе се соочи со последнопласираниот Шкупи и ќе има можност да ја продолжи победничката серија и да изврши дополнителен притисок врз охриѓани. Тимот од Дебар Маало има 15 бода, но и еден одигран натпревар помалку.

Интересно ќе биде и во Битола, каде што Пелистер од 18 часот под рефлектори ќе го пречека Осогово. Битолчани имаат ист број бодови како Работнички и со победа ќе останат во трката за врвот.

Денешната програма ја дополнуваат дуелите Тетекс – Детонит и Еуромилк – Новаци.

Утре на програмата се уште два натпревари. Камјани ќе се соочи со Кожуф, додека во борбата за фудбалска превласт во Струмица, Брера ќе ја пречека Беласица од 18 часот.

ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 8.КОЛО (14:30 часот)

Македонија ЃП – Охрид

Тетекс – Детонит

Еуромилк – Новаци

Работнички – Шкупи

Пелистер – Осогово (18 часот)

Камјани – Кожуф (утре, 14:30 часот)

Брера – Беласица (утре, 18 часот)

Табела Втора лига

Охрид – 16 бодови

Работнички – 15 (-1 натпревар)

Пелистер – 15

Брера – 14 (-1 натпревар)

Беласица – 11

Македонија ЃП – 10

Камјани – 10

Тетекс – 9

Детонит – 8

Кожуф – 8

Новаци – 7

Еуромилк – 5

Осогово – 3

Шкупи – 0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови