Втората лига Исток подолжува со дуелите од 15.коло, а во него и раритет, женска судиска четворка ќе го суди натпреварот меѓу Брегалница и Кит Го. Ирена Велевачкоска од Прилеп ќе биде главна делителка на правдата. Женскиот судиски квартет ќе го дополнат Билјана Миланова и Елена Соклеска Илиевски како асистентки, и Ивана Пројковска како четврта судијка.
Брегалница сака нови три бода за да ја зачува предноста пред Тиквеш на врвот на табелата. По жестокиот судир во минатото коло, посебно меѓу навивачките групи на улиците низ Штип, сега се очекува да биде многу помирно.
Тиквеш на домашен терен ја пречекува Слога Виница. Кавадаречкиот тим е фаворит на овој меч.
Осогово ја пречекува Победа, Кожуф во Гевгелија е домаќин на Росоман, а Плачковица ќе ги одмери силите со Каменица Саса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













