Connect with us

ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Убедливи домашни победи на Брегалница и Тиквеш, Осогово триумфираше во меч со девет гола

Брегалница и Тиквеш ја продолжуваат активно битката за врвот на табелата во Втората лига – Исток славејќи убедливи победи против Слога Виница односно Победа во 7. коло од Втората лига – Исток.

Составот на Добринко Илиевски во Штип ја демолираше Слога Виница со 6-1 (3-0) убедливо доминирајќи во текот на сите 90 минути. Натпреварот почна со жестока борба на средината од теренот и незгодна повреда на Јован Манев, но сето тоа брзо се заборави по водството уште во 23. минута. Прекрасен погодок на Дарко Додев кој од 15 метри одлично со волеј удар ја зафати топката по центаршутот од десната страна.

Веќе во 38. минута, капитенот Ристе Наумов зголеми на 2-0, а Наумов со својот втор гол во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме заокружи на 3-0 по првите 45 минути.

Брегалница го почна агресивно и второто полувреме. Мартин Стојанов уште во 46. минута со извонреден шут од 18 метри донесе предност од 4-0, а во 59. минута и Андреј Кудијан со удар од белата точка зголеми на 5-0. Почесниот гол за гостите го постигна Антонио Бујчевски во 79. минута, а конечните 6-1 ги заокружи Дарко Додев со својот втор гол на мечот во 84. минута.

Убедлива победа запиша и Тиквеш победувајќи со 3-0 во пресметката против Победа. Уште по првите 15 минути натпреварот беше решен. Најпрво погоди Симеон Христов во 4. минута, па Лука Трајковски во 5. минута, а потоа и Дарко Грозданоски во 15. минута.

Во голеадата во Кочани, Осогово со 5-4 го победи Росоман. По два гола за Осогово постигнаа Стојанче Велинов и Крклински, а еден гол запиша и Иванов.

Фудбалерите на Кит Го запишаа значајна победа на гостувањето против Плачковица во Радовиш со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Оливер Христов во 55. минута од натпреварот.

Кожуф и Каменица Саса ремизираа (1-1) во Гевгелија. Виктор Марковски во 85. минута погоди за водство на гостите а израмни 

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (7. коло)
Плачковица – Кит Го 0-1
Брегалница – Слога Виница 5-0
Тиквеш – Победа 3-0
Осогово – Росоман 5-4
Кожуф – Каменица Саса 0-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови