Тиквеш убедливо ја доби дерби пресметката од 18. коло во Втората лига – Исток, триумфирајќи со 3-0 против лидерот Борец.
Фудбалерите на Тиквеш, во извонреден амбиент на Градскиот стадион во Кавадарци, победата ја најавија уште во 27. минута со голот на Марјан Ристовски. Роберт Митев постигна два погодоци во 48. и во 57. минута за триумф од 3-0.
Брегалница триумфираше со 2-1 против Каменица Саса благодарение на головите на Иве Трифуновски во 10. минута и Дарко Стојанов во 23. минута. Гостите единствено преку Зоран Златковски во 81. минута успеаја да го ублажат поразот.
РЕЗУЛТАТИ -18. КОЛО
Брегалница – Каменица Саса 2-1
Детонит јуниор – Партизан Обршани 0-0
Кит Го – Кожуф 0-0
Тиквеш – Борец 3-0
Вардар Неготино – Плачковица 0-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













