Connect with us

Втора лига Исток: Шампионот Брегалница на проверка против „братскиот“ Кит Го

Брегалница со победата над Кожуф од 3-0 во претходното коло и дефинитивно ја осигура шампионската круна во Втората лига – Исток и пласманот во Првата лига следната сезона. Но, избраниците на Марјан Секуловски имаат и друга цел, сакаат без пораз да ја заокружат сезоната во второлигашката конкуренција.


Денеска ќе бидат „гости“ на „братскиот“ Кит Го, но мечот ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип. Јован Манев вели дека Брегалница ќе атакува на триумф.


„Пресреќни сме со обезбедениот прволигашки статус. Но, нашата цел е сезоната да ја завршиме без пораз. На таков начин и ќе играме на денешниот натпревар против Кит Го. Тоа е тим што максимално го респектираме бидејќи и тие играат одлична сезона. Но, ние сакаме да ги потврдиме нашите квалитети и уште еднаш да покажеме дека го заслужуваме пласманот во Првата лига“, изјави младиот дефанзивец на Брегалница, Јован Манев.


Тишвеш уште отсега се подготвува за баражот за Прва лига, а денеска ќе го пречека тимот на Каменица Саса. Кожуф е домаќин на Слога Виница, а Осогово ќе ја нагости Победа. Росоман ќе има дуел против Плачковица, сите натпревари се закажани за 16 часот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови