Репрезентативниот успех создаде фудбалска еуфорија во Македонија, а денеска продолжуваат и возбудувањата во второлигашка конкуренција. Брегалница со новиот тренер Марјан Секуловски на кормилото ќе гостува во Радовиш кај Плачковица во Втората лига Исток.
Штипјани се големи фаворити, а ќе видиме како ќе се претстават предводени од новиот шеф на стручниот штаб.
Тиквеш има уште потешко гостување, во Гевгелија кај Кожуф. Тоа ќе биде сериозен испит за составот на Раде Цицмиловиќ.
Во Кочани ќе биде интересно, Осогово го пречекува тимот на Кит Го, а Каменица Саса е домаќин на Слога Виница.
Во дуелот за избегнување на долните позиции на табелата, Росоман ја дочекува Победа.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski