
Тиквеш не успеа победнички да продолжи на стартот од сезоната во Втората лига – Исток ремизирајќи (1-1) во 2. коло од шампионатот на домашен терен со гевгелиски Кожуф.
Кавадарчани поведоа со голот на Лука Трајковски во 31. минута од средбата, но Кожуф израмни од пенал во 85. минута.
Фудбалерите на Кит Го ремизираа (3-3) со Осогово на домашен терен иако имаа предност и од 3-1 до финишот од средбата.
Пехчевци до предност дојдоа благодарение на головите на Дујовски и Мичкоски во првото полувреме, како и Дарко Алексовски од пенал во 54. минута. За кочанци стрелаше Стојанче Велинов во првиот дел, за да во драматичен финиш дојдат до бод благодарение на головите на Манов во 82. минута и Иванов во 87. минута.
Победа продолжува да гази на стартот од сезоната со нов убедлив триумф, овој пат од 3-0 против Росоман, додека Слога Виница славеше со 2-1 во пресметката против Каменица Саса.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Тиквеш – Кожуф 1-1
Кит Го – Осогово 3-3
Победа – Росоман 3-0
Слога Виница – Каменица Саса 2-1
ВЧЕРА
Брегалница – Плачковица 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal