Connect with us

Втора лига Исток: Каменица Саса на гости во Гевгелија, Кит Го домаќин на Слога Виница

Кит Го во седмото коло од Втората лига – Исток го пречекува тимот на Слога Виница во најинтересниот дуел од денешната програма. Домаќините се надеваат дека трите бода ќе останат во Пехчево.


„Носиме оптимизам пред пресметката со Слога Виница со оглед на тоа што полека се комплетира нашиот тим. За овој натпревар се враќаат Давид Бошевски како и Кире Трпчевски, а ќе недостасува единствено Оливер Христов кој е повреден. Затоа очекувам максимална борба од секој поединец на теренот. Верувам дека ќе прикажеме квалитетна игра против Слога, кој е навистина квалитетен состав, но нашиот императив секако се трите бода“, вели шефот на стручниот штаб на Кит Го, Трајче Сенев.

Лидерот Каменица Саса го очекува гостување кај Кожуф во Гевгелија. Беласица на домашен терен го пречекува Осогово, а Победа е домаќин на Братство.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови