Фудбалерите на Кит Го одиграа импресивен натпревар во рамките од 16. коло во Втората лига – исток, декласирајќи го Партизан Обршани со убедиви 6-1. Во главна улога беше Антонио Бујчевски, кој постигна четири од шесте погодоци за Кит Го. Интересно, гоститепрви поведоа со голот на Ефтинџиоски во 18. минута, но со тоа само го налутија фаворитот.
Кит-Го потоа целосно ја презеде иницијативата и постигна шест гола до крајот, Настевски го израмни резултатот, а потоа Бујчевски четири пати го матираше домашниот голман, а еднаш меѓу стрелците се запиша Стоименов.
Лидерот Борец Велес славеше на гостувањето против Вардар Неготино со 0-3, трите погодоци постигнувајќи ги во второто полувреме од овој натпревар. Стрелци на головите за Борец беше Марко Ѓоргиевски, Ѓоре Ѓоргиев и Симеон Христов.
Брегалница славеше на мечот против Детонит со 4-2. Ристе Наумов ја отвори серијата, голови, стрелци за Брегалница беа уште и Трифуновски (два) и Велиновски, а погодоците за гостинскиот тим ги постигна Бобан Здравевски во последните пет минути од средбата.
Кожуф како гостин ја совлада Плачковица со 0-1 со гол постигнат во последните моменти од мечот, дело на Иванов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













