Второлигашките возбудувања продолжуваат со 12.коло, а на Истокот највозбудливо се очекува да биде во Штип. Брегалница го пречекува тимот на Кожуф, кој во минатото коло го „сецна“ Тиквеш.
Штипјани се надеваат на нови три бода и задржување на првото место на табелата.
„Како и на сите досегашни натпревари и на дербито против Кожуф пристапуваме максимално сериозно. Концентрираме и мотивирани да дојдеме до посакуваната победа. Силно го респектираме противникот, меѓутоа имаме идеја, имаме план како да дојдеме до трите бода кои секако се наша единствена цел“ – вели дефанзивецот на Брегалница, Бојан Ѓорѓиевски.
Тиквеш има релативно полесна задача против Осогово на домашен терен. Победа ќе биде домаќин на Каменица Саса, Кит-Го го пречекува Росоман, а Слога Виница ќе има дуел против Плачковица.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













