Борец по 18 години се враќа во Првата фудбалска лига. Тимот на Горазд Михајлов ја совлада Брегалница во дербито со 2-0. Велешани поведоа со голот на Симеон Христов во 65.минута, а Брегалница од крајот на првиoт дел играше со играч помалку поради исклучувањето на Иван Митров. Во самата завршница, Ѓорѓи Ѓорѓиев постигна втор погодок за конечни 2-0.
Кит Го убедливо ја совлада Плачковица на гости во Радовиш со 0-4. Стрелец на водечкиот погодок на овој дуел беше Антонио Бујчевски во 27.минута од натпреварот. Во вториот дел, Иван Настевски од пенал во 70.минута зголеми на 0-2, а истиот играч беше стрелец и на третиот погодок. Во 90.минута и Филип Неделкоски се запиша меѓу стрелците.
Тиквеш и Кожув ремизираа без голови, но тоа беше доволно за кавадарчани да обезбедат бараж за елитата. Каменица Саса на гости го совлада Партизан Обршани со 0-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













