Стартуваат возбудувањата во Втората лига исток. Тимот на Борец има убедлива предност по првиот дел од сезоната, дури осум бода позитива во однос на второпласираниот Тиквеш. Кавадарчани се надеваат дека можат да го достигнат составот на Горазд Михајлов на врвот, но исто така мораат да ја чуваат и втората позиција која носи во бараж за Првата лига.
Во само пет бода се и Кожув, Кит Го и Брегалница кои исто така имаат прволигашки аспирации.Остануваат уште четири кола, а потоа и трет круг по Бергеров систем.
Борец е голем фаворит против Плачковица, a најинтересно на стартот треба да биде на дуелот меѓу Кожув и Брегалница. Кит Го и Тиквеш исто така се многу поквалитетни од Каменица Саса и од Детонит, и би требало да освоијат три бода на гостински терен.
ВТОРА ЛИГА ИСТОК, 15.КОЛО (14 Ч.)
БОРЕЦ – ПЛАЧКОВИЦА
КОЖУВ – БРЕГАЛНИЦА
ПАРТИЗАН ОБРШАНИ – ВАРДАР НЕГОТИНО
КАМЕНИЦА САСА – КИТ – ГО ПЕХЧЕВО
ДЕТОНИТ ЈУНИОР – ТИКВЕШ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













