Connect with us

Втора лига Исток: Беласица ја освои Гевгелија за место во баражот, Победа слави во Виница

Беласица е второпласираниот тим во Втората лига Исток и ќе игра во баражот за пополнување на прволигашкото друштво. Тимот на Александар Стојанов денеска оствари сигурен триумф (1-3) на гости во Гевгелија против Кожуф. Александар Милушев погоди во петтата минута, Филип Михаилов зголеми на 0-2, а Александар Коцев од пенал постигна трет гол во 69.минута. Две минути подоцна Кожуф постигна почесен погодок.


Победа со стил го прослави пласманот во елитата и победи (1-2) против Слога во Виница. Даниел Карчески пред почетокот на мечот го прими пехарот, а потоа и го отвори резултатот во 23.минута.

Израмни Иван Митров во 36.минута, а триумфот за Победа го фонесе Атхе Мазари во 80.минута.

Осогово го совлада Братство на гости со 2-4, а Детонит Јуниор ја совлада Каменица Саса со 2-1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови